Medical е специјализирана за изведување, управување и одржување на централната стерилизација. Хируршките инструменти кои доаѓаат од операционата сала се управувани преку стандардизираната постапка на стерилизација, на основа на работни процедури и во согласност со националните и европските прописи.

За подршка на управувањето на централната стерилизација, компанијата користи модуларен компјутерски систем спремен за следење на медицинските уреди и за управување  на документацијата за време на  целокупниот процеса на стерилизација. Овој систем овозможува, преку наменскиот компјутерски програм за управување, да провери во кој дел од процесот на стерилизација се наоѓа секој производ и да контролира дали секој чекор од процесот на стерилизација (чистење, перење, дезинфекција, пакување и стерилизација) правилно е извршен.

Компјутерскиот систем е во состојба да го управува целиот процес на стерилизација на хируршките инструменти и прибор; сите фази на стерилизацијата се автоматизирани и константно мониторирани, гарантирајќи високо ниво на стандардизација, квалитет, безбедност и продуктивност.

На високото ниво на софистицираниот систем му кореспондира едноставноста за употреба од стране на операторите.

За извршување на стерилизацијата се користи исклучиво квалификуван и обучен персонал, со докажани знаења и стручност во областа на стерилизацијата, и во состојба секојдневно да се релационира са професионалците во рамките на здравствените установи.